Какво време не очекува утре?

 Breaking News

Какво време не очекува утре?

Какво време не очекува утре?
June 06
17:07 2016

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот. Повеќе услови за нестабилност ќе има повторно во југоисточниот дел на земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 23 до 30 степена.

Во Скопје ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно и релативно свежо време, а во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

За викендот се очекува температурата на воздухот да биде во пораст, односно ќе има затоплување.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment