Какво ќе биде времето од денес до недела и состојбата на патиштата во Македонија

 Breaking News

Какво ќе биде времето од денес до недела и состојбата на патиштата во Македонија

Какво ќе биде времето од денес до недела и состојбата на патиштата во Македонија
January 17
08:47 2017

Порадни снежни врнежи: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и Гостивар – Кичево преку планинскиот премин СтражаПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај и патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден поради големи снежни наноси.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на екипите на Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ цела територија на државата, освен во Гевгелија каде врнежите се од дожд и снег.

Денес е вторник, 17 јануари 2017 година, 17-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:52, а ќе зајде во 16:34 часот. Денот ќе трае 9 часа и 42 минути.
Врнежите од снег кои што ги имавме во текот на ноќта понеделник кон вторник продолжуваат и ова утро речиси насекаде во Македонија со и се со слаб интензитет, со исклучок во Гевгелија каде што врнежите од снег преминуваат во врнежи од додж.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно облачно време со повремени и слаби врнежи од дожд и снег, а врнежи од снег се очекуваат над 500 метри надморска висина. Додека пак во крајните јужни и југоисточни предели врнежите ќе бидат од дожд. Треба да напоменеме дека се работи за сосема слаби врнежи кои претежно ќе бидат застапени во утринските и во вечерните часови. Ќе дува доумерен слаб североисточен, источен и југоисточен ветер. Утринските температури од -6 до 1 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до -3 односно до 6 степени.

СКОПЈЕ  – Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно време со слаби врнежи од дожд и снег, снег пред се во утринските додека пак врнежи од дожд во вечерните часови. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -2 степени, додека пак максималната дневна до 2 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните 2 дена односно во среда и четврток Македонија ќе биде под влијание на Медитерански циклон кој што ќе услови нестабилно време претежно со врнежи од снег, а врнежи од дожд и снег ќе има само во најтоплите јужни предели. Дневните температури од -4 до 5 степени во среда, односно од -5 до 4 степени во четврток. Во петок и сабота во утринските часови појава на магла која во одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, а во останатите предели ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и студено со пад на температурите. Во петок утринските од -9 до -1 степен а максималните од -3 до 6 степени, додека пак во сабота минималните од -11 до -3 додека пак дневните од -5 до 4 степени.

Related Articles