Како се појави една од најотровните змии од Африка во Косово? Змија донесена со авион?
August 26
07:11
2016
Во селото Винарце кај Косовска Митровица се појавила доста редок и опасен вид на змија која може да се најде само во Африка. Ја фотографирале читателите на Газета експрес.
Се работи за афричкиот випер, кој се смета за една од најотровните змии во светот. Афричкиот випер припаѓа на семејството випердаи, на кое припаѓаат и шарките, звечарките…
Се работи за змија од чиј отров годишно умираат околу 20.000 луѓе во Африка. Во нивните жлезди има количина отров која може да усмрти пет возрасни мажи.
Таа се населува во скоро сите области во Африка, а е на самиот врв на змии кои најбрзо касаат.

