ЈАНЕ ЧЕНТО: ВРАТЕТЕ ГО ВМРО НА ВМРОВЦИТЕ И НА НЕГОВИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ

 Breaking News

ЈАНЕ ЧЕНТО: ВРАТЕТЕ ГО ВМРО НА ВМРОВЦИТЕ И НА НЕГОВИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ

ЈАНЕ ЧЕНТО: ВРАТЕТЕ ГО ВМРО НА ВМРОВЦИТЕ И НА НЕГОВИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ
October 24
19:28 2017

Членот и активист на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Ченто од Прилеп се обрати преку својот Facebook профил со отворено писмо до ВМРО-ДПМНЕ и ИК:

„Отворено писмо до ВМРО ДПМНЕ и ИК. Можеби тек сега ќе је сфатат што всушност ние како ВМРОВЦИ сме се залагале, можеби на сите ќе им стане јасно што Груевски уствари кажа и за што се залага ВМРО од овој момент.

Ако остане само на зборови ќе продолжи ВМРО како и до сега, ако се реализира на терен она што Груевски го зборува и да се вратат ЗАДОЕНИТЕ И РАСТЕНИ ВО ВМРО, ВМРО ќе воскресне. Доста ми е од луѓе дојдени во ВМРО за кариери, од луѓе кои единствено го гледаа ВМРО за профит.

Во овој пост ќе се најдат мои фб пријатели кои се на раководни партиски функции, кои беа на државни функции, простете ми за мене ВМРО и МАКЕДОНИЈА СЕ СВЕТИ, сум зборувал и додека работев во Влада и сега, сум критикувал секогаш кога беше за критика во корист на МАКЕДОНИЈА, ќе зборувам и сега.

ВРАТЕТЕ ГО ВМРО НА ВМРОВЦИТЕ И НА НЕГОВИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ. И ЌЕ УСПЕЕМЕ. ВМРО НА ВМРОВЦИТЕ ОД МЕСЕН,ОПШТИНСКИ,ЦЕНТРАЛЕН И ИЗВРШЕН КОМИТЕТ. ЌЕ ГО ВРАТИТЕ И ЌЕ УСПЕЕМЕ, ИЛИ ЌЕ БИДЕ ……

Можеби ќе критикувате но запомнете ЧЕНТО беше 50-60 години табу тема во Македонија. Или ќе почниме да ги цениме фамилиите на оние кои го дале животот за Македонија или ќе продожиме да ги цениме фамилиите на Колшевски,Чашуле,Марина и компанија кои биле џелати на нашите предци кои се бореа за Македонија.

Никола, ти одлучуваш во моментов или ќе биде ВМРО НА ВМРОВЦИ И ПАТРИОТИ или ќе биде граѓанска десница.

На остатокот што се во депресија после поразот да им објаснам, ВМРО многу потешки моменти имало ама опстанало и се вратило, сега е полесно, да се исчистат редовите и во ВМРО да се наклонат ВИСТИНСКИТЕ ПАТРИОТИ.

Патриотска десница ДА, граѓанска десница НЕ !!! НИЕ СМЕ КРАЈНО ДЕСНО ВМРО !!! ДОСТА Е ОД ПРОФИТЕРИ И ЛУЃЕ ДОЈДЕНИ НА РАКОВОДНИ ПАРТИСКИ ФУНКЦИИ ОД БИЛО КАДЕ. ДА ЖИВЕЕ ВМРО, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!“ напиша Јане Ченто на својот фејсбук профил.

Related Articles