Испи отров пред судот во Хаг, адвокат откри како шишенцето отров се нашло во судницата

 Breaking News

Испи отров пред судот во Хаг, адвокат откри како шишенцето отров се нашло во судницата

Испи отров пред судот во Хаг, адвокат откри како шишенцето отров се нашло во судницата
November 29
17:06 2017

Во текот на изрекување на пресудата врз Слободан Праљак, при што му e изречена казна 20 години затвор, тој испил отров. Хашкиот трибунал го потврди постоењето на здружено хрватско злосторничко дејствување, со цел етничко чистење на делови во Босна и Херцеговина.

Судењето веднаш било прекинато, а била побарана и помош од доктор.

-Слободан Праљак не е воен злосторник. Ја отфрлам вашата пресуда – рекол Праљак, пред да ја подигне малата чашка и да го испие отровот.

Во видеото погледнете го моментот кога се случува инциденото во судницата:

Осудениот од хашкиот суд, Слободан Праљак, кој испи отров откако беше прочитана пресудата, починал во болница, јавуваат локалните медиуми.

Тој пред судот рече дека не е воен злосторник и дека не ја признава пресудата по што испи отров.

Адвокатот со повеќегодишно искуство пред Хашкиот трибунал, Горан Микуличиќ изјавил дека шишенцето со отров многу лесно можело да се внесе во судницата.

Како што вели, постојат контроли пред влез во судницата, но истите не се детални за да може да се открие шишенцето.

-Нема детален преглед на целото тело, особено кога на тоа не упатуваат никакви индиции дека треба да ги има, вели адвокатот.

Како што се наведува, Праљак на пример без никакви проблеми можел шишенцето со отров да го внесе во своите чевли.

На прашањето кој би можел во затворот да му го даде отровот, Микуличиќ вели дека секој затвореник има право на посета од роднините, пријателите, адвокатот и новинари, но дека во притворот никој освен адвокатот не смее да влезе со чанта.

-Ако станува збор за ваква супстанца, истата многу лесно може да ја донесе било кој, доколку се работи за предмет кој не реагира на рентген. Ако навистина се работи за отров, тоа е невозможно да се открие, вели адвокатот.

Related Articles