Интервју со Влатко Лозаноски: Не застанувам тука – Имам веќе снимено неколку нумери кои треба да излезат во јавноста многу брзо
После мала пауза слушаме твоја нова песна „Камо тебе да те имам“, кој е тимот што работеше на оваа нумера?
– Тимот е истиот, нема промена…Работиме заедно со Лазар и Магдалена Цветкоска, се познаваме одлично и работата ни оди многу глатко 🙂
Песната има интересен видео запис , дали беше тоа твоја идеја?
– Видеото е сепак текстуално видео со анимација, идејата ја оставив на кичевчаните Cat Entertaiment и Виктор Гаврилоски. Ова е моја прва соработка, нормално не е и последна.
Добив мн позитивни коментари околу видеото, поради анимираните ликови кои датираат од времето кога беа популарни флиперите. Многумина ги врати во времето, односно во детството.
Кои се твоите планови за во иднина, ке не изненадиш ли со нови песни за брзо време?
– Ќе има нови песни секако, не застанувам тука. Имам веќе снимено неколку нумери кои треба да излезат во јавноста многу брзо.
Планираш ли некој концерт?
– Со мојот тим имаме веќе некои планови и за тој сегмент, секако за тоа јавноста ќе биде информирана благовремено
Како ти започна новата година на работен план?
– Генерално сум задоволен, но тоа е само почеток од година, до крајот има уште многу. Тоа што е пропуштено ќе гледам да го надокнадам подоцна 🙂
Што мислиш за изборот на претставник за Евровизија за 2018 година?
– На претставниците им посакувам мн среќа, мн успех, се надевам дека ќе имаат добар настап и песна и дека одлично ќе не претстават во Португалија.
После сите празници и настапи како го поминуваш слободното време?
– Сакам скоро секојдневно да спортувам, континурано веќе подолг период конзумирам фитнес и обожавам со пријателите да играме футсал или мал фудбал, повеќе е тоа за разонода, кардио вежба, дружење и желба кон спортот и фудбалот. Обожавам мн да возам со автомобил, тоа некако многу ме опушта и ми дава поголем мој простор за размислување.
Дали си зависник од facebook и други социјални мрежи, гледаме дека си активен во последно време?
– Facebook-от некако последно време знам да го подзаборавам, но instagram-от ми се допаѓа.
Не постирам премногу статии, но мислам дека се доволни, со оглед на мојата работа и тоа што го работам. Можат јавноста слободно да ме побараат на двете мрежи, со тоа што ќе го искуцаат само моето име – vlatkolozanoski
Што ке им порачаш на нашите читатели?
– Читајте news24 секој ден и уживајте во секој ден, јадете здраво, спортувајте и нормално слушајте македонска музика 🙂
Слушнете ја новата песна на Влатко и уживајте !