Интервју со пратеничката Ане Лашкоска: Се решаваат децениски проблеми кои се од исклучително значење за Прилеп и Пелагонискиот регион

 Breaking News

Интервју со пратеничката Ане Лашкоска: Се решаваат децениски проблеми кои се од исклучително значење за Прилеп и Пелагонискиот регион

Интервју со пратеничката Ане Лашкоска: Се решаваат децениски проблеми кои се од исклучително значење за Прилеп и Пелагонискиот регион
October 08
12:21 2016

ДЕНЕШЕН: Истекува веќе втората година од мандатот на овој пратенички состав во Собранието на Р. Македонија. Пред изборите во 2014-та како политичка партија излеговте со програма која ја понудивте на граѓаните. Според вас кои капитални проекти за Вашите сограѓани од Прилеп се реализираат во овој период?

– Децениски проблем, една од најстрашните црни точки во Македонија веќе се решава. Започна изградбата на капитален проект од исклучително значење, не само за граѓаните на Прилеп, туку и за граѓаните од цел Пелагониски регион – нов експресен пат со 4 ленти од Градско до Прилеп. Вредноста на проектот е 80 милиони евра, а патот ќе има должина од 33,5км. Проектот е започнат и резултатите веќе се гледаат на терен. Трасата на првата фаза од проектот е веќе одредена, исчистен е поголем дел од теренот.

Првата фаза го опфаќа делот од Фаришката клисура до Дреновската клисура и тој дел е со должина од 10км. Би сакала да потенцирам дека станува збор за речиси целосно нова траса, а следствено на ова, во наредниов период можеме да очекуваме во овој дел на државата да имаме вистинска градежна офанзива.

Деновиве е распишан меѓународен тендер и за втората фаза , т.е. за втората делница од патот Прилеп – Градско во должина од 15км. Целиот пат ќе биде реализиран во три фази.

Со изградбата на овој пат се решава едно од најгорчливите прашања во Р. Македонија. Се решева, повторно ќе нагласам, едно горчливо прашање кое било ветување на многу политичари во минатото. Факт е, затоа што веќе е видливо, ВМРО-ДПМНЕ, оваа Влада го решава овој проблем и овој пат е веќе реалност.

Друг проект на кој сакам да се задржам, (не дека во меѓу време не се реализирани и други проекти важни за нашиот град) е повторната изградба на опожарените конаци од манастирот Трескавец. Овој манастир е исклучително важен за секој прилепчанец. За него мислам дека постои љубов во срцето на секој прилепчанец. За многу брзо тој повторно ќе блесне во својот сјај.

Со средства од државата е изграден патот до манастирот, а веќе започна и повторната изградба на конаците. Она што е особено значајно е тоа што дел од овој проект е и реставрација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која е споменик на културата од највисок ранг. Целиот проект се очекува да биде завршен во 2018-тата.

А секако дека најважно е што после многу години се отворија 2 поголеми фабрики во Прилеп. И двете се странски инвестиции. Едната е фабриката Гентерм која произведува електрични уреди за регулирање на термалната енергија во автомобилите. Во моментов во Гентерм има 647вработени, а до крајот на годината се очекува бројката да достигне 800 вработени. Изградбата на фабриката Акомпласт веќе е при крај и за многу брзо време ќе ги прими првите 50 вработени.

Морам да потенцирам дека покрај овие инвестиции, за намалувањето на невработеноста во Прилеп придонесоа поголемиот број мали и средни фирми отворени во индустриските зони во Прилеп, како и мерките за вработување кои ги нуди Владата на Р. Македонија.

Но, овде нема да запреме. Јас сум оптимист дека за многу брзо време уште една странска компанија ќе започне да гради своја фабрика во технолошко – индустриската развојна зона во Прилеп. Намалувањето на невработеноста, создавањето на услови за работа е наш приоритет.

ДЕНЕШЕН: Во Вашата програма одделувате добар дел на развојот на спортот и спортските објекти во Македонија. Што во Вашиот град ВМРО – ДПМНЕ направи на ова поле?

– Реализирањето на проекти од областа на спортот и спортската инфраструктура, им овозможува на сите граѓани, особено на младите да спортуваат, да се рекреираат, да водат здрав живот.

Со цел подобрување на условите за спортување во Прилеп веќе се изградени 4 спортски сали во три средни и едно основно училиште. Во дворовите на уште две основни училишта се поставени балон сали. Во меѓувреме изграден е фудбалски стадион со вештачка трева, се гради тениско игралиште во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, Спортски комплекс во рамките на Могилата на непобедените. Во спортската инфраструктура се вложува и во населените места од општина Прилеп. Со средства од Агенцијата за млади и спорт изграден е фудбалски стадион во населба Тополчани, а се реконструира фудбалскиот страдион во населба Алинци. Во тек се градежните активности за реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, голем број маалски игралишта итн. Значи голем број на проекти за развој на спортот во нашиот град. Спортски објекти покрај учениците ги користат и голем број на спортски клубови, како и граѓанит за рекреација.

ДЕНЕШЕН: Како град бевте често споменуваниво медиумите заради лошите услови за работа и лекување во Градската болница во Прилеп. Што се презема за оваа важна институција за прилепчани?

-Да, за жал се соочувавме со многу проблеми во функционирањето на болницата во Прилеп, но добро е што голем дел од тие проблеми веќе се минато. Би сакала да потенцирам дека услугите на оваа општа болница покрај граѓаните на Прилеп, ги користат и граѓаните на Кривогаштани, Долнени, Крушево и Македонски Брод. Подобрувањето на условите во болницата беа повеќе од неопходни. Исто така немањето на соодветен медицински персонал, особено лекари – специјалисти биејќи политичката гарнитура која ја водеше државата пред на власт да дојде ВМРО – ДПМНЕ речиси и да не дозволила специјализации за лекарите, беше најголемиот проблем за функционирање на болницата. За разлика од едно минато време, во овие години вработени се 43 лекари и испратени на специјализација. 8 од нив веќе се специјалисти и се вратени на работа во болницата. 6 од овие лекари во секој момент треба да заминат на специјализација. Покрај лекари вработени се и голем број друг медицински персонал кој исто така беше неопходен за нормално функционирање на болницата.

Во моментов се врши и целосна реконструкција на болничките соби, санитарните чворови, а ќе се реконструираат и операционите сали. Се вложува во купување на нови медицински апарати во сите одделенија: нов мамограф, пациент монитори, оперативно светло за Гинекологија мобилен Рентген апарат, сет на апарати за Физикална медицина итн. Реализацијата на овие проекти, враќањето на лекарите специјалисти значи давање на подобри услуги на граѓаните на кои овие услуги им се потребни, но сигурно и подобри услови за работа на сите вработени во болницата.

ДЕНЕШЕН: Како пратеник од Прилеп на што сметате дека треба да посветите поголемо внимание во идниот период?

-Сигурно дека приоритет ни е и ќе ни биде подобрувањето на економскиот развој на Прилеп. Иако невработеноста е многу намалена, сепак мораме сеуште да работиме на ова поле и на создавање на уште подобри услови за нови инвестиции во општината како домашни, така и странски.

Исто така во моментов Прилеп се соочува со недоволен капацитет за сместување на деца од предшколска возраст во постоечките градинки. На ова поле е многу сработено. Веќе се проширени капацитетите на градинката во населбата Бончејца, пред 2-3 недели е отворена нова градинка за капацитет на 70 дечиња. Отворени се градинки во населба Тополчани, во населба Беровци, а во наредниве недели ќе биде отворена и градинка во населба Канатларци. Се прилагодуваат простории за децата од предшколска возраст во рамките на О.У. Рампо Левката. Потребата од нова градинка од голем капацитет останува, но убедена сум дека и тој проект како Владејачка гарнитура во идниов период ќе го реализираме.

 

Related Articles