ИНТЕРПОЛ ВО ПАНИКА: Цела единица на Исламска држава влегла во Европската Унија
January 31
23:51
2018
Интерпол објави список од 50 лица за кои постои сомнение дека се борци на Исламска држава, а кои неодамна со брод стигнале во Италија и за кои се верува дека сакаат да влезат и во другите европски држави.
Листата во која увид имал британски Гардијан, ја направил генералниот секретаријат на меѓународната полициска организација, а испратена е до италијанското Министерство за внатрешни работи.
Оваа листа е доставена и до сите антитерористички агенции во Европа.
Сите осомничени се со потекло од Тунис, а некои од нив се идентификувани откако пристигнале во Италија.
– Интерпол постојано испраќа предупредувања за бараните терористи и криминалци, а сето тоа го прави преку светската полициска мрежа, изјавил портпаролот на Интерпол.