ИНИЦИЈАТИВА ВО АБЕРДИН: Мачорот Батонс кандидат за ректор на престижниот универзитет
Група студенти од Универзитетот во Абердин, Шкотска, започнале кампања за мачорот Батонс да биде нивниот претставник.
Алекс Китер (21), студент по историја и менаџер на Батон, вели дека идеата ја добил која забележал незадоволство кај студентите за нивниот статус.
Затоа тој го предложил мачорот за легитимен претставник, но академската институција, одбила мачорот да биде претставник. Прво затоа што Батонс нема потребни квалификации, а второ затоа што не е човек. Каква дискриминација !
“Сакаме да ни дозволат мачорот да биде кандидат. Ги има сите потребни квалификации. Живее во кампусот, се дружи со студентите и го има најубавото крзно на светот. Никој од студентите ги нема овие квалификации”, се наведува во петицијата за кандидатура. Оваа петиција до сега ја потпишале 300 студенти.