ИГРАТА НА ПУТИН КОЈА ГО ЗБУНИ СВЕТОТ: Еве што се договориле Русија и Турција

 Breaking News

ИГРАТА НА ПУТИН КОЈА ГО ЗБУНИ СВЕТОТ: Еве што се договориле Русија и Турција

ИГРАТА НА ПУТИН КОЈА ГО ЗБУНИ СВЕТОТ: Еве што се договориле Русија и Турција
February 04
22:20 2018

Турција на 20 јануари започна воздушна и копнена офанзива, која беше наречена “Маслиново гранче”, а акцијата беше во северна Сирија.

Како што напредуваше офанзивата стана очигледно дека таква амбициозна операција не би била возможна без експлицитно одобрување на Русија.

Пред се, операцијата барала турските воздушни сили да влезат во сирискиот воздушен простор – што не би можело да се направи без консултација со Русија.

Сириските демократски сили, алијансата на курдските и арапските борци во Сирија, кои се поддржувани од САД, исто така знаеле дека не би било можно Турција да ја започне операцијата без координација со Москва.

Генералот Сипан Хемо, командант на курската единица за народна заштита, водечките курдски сили , рече дека Русија ги предала Курдите. Тој додаде дека “ќе дојде ден кога Русија ќе им се извини на Курдите поради губење на принципите”.

Со почетокот на операцијата, Русија очигледно стана турски соучесник во очите на Курдите, а доколку се погледне подобро, соработката меѓу Москва и Анката во врска со иднината на Африн, сецерниот дел на Сирија, започнала многу пред започнувањето на операцијата на Турците.

Related Articles