И лидерот на ДПА, Мендух Тачи се огласи кого ќе поддржи неговата партија

 Breaking News

И лидерот на ДПА, Мендух Тачи се огласи кого ќе поддржи неговата партија

И лидерот на ДПА, Мендух Тачи се огласи кого ќе поддржи неговата партија
February 19
21:51 2019

„За ДПА, прифатлив кандидат за претседател би бил доколку доаѓа од Владата, со цел да се нормализира состојбата во државата“, рече Мендух Тачи, лидерот на ДПА, по средбата со премиерот Зоран Заев, пишува Макфакс.

Тачи вели дека на маса биле неколку предлози, но дека е рано да се зборува за конкретен предлог.

„Сметаме дека е важно таа личност да продолжи по патот кој е почнат – работа на функционални институции, отворање на преговорите со ЕУ, процесот за прием во НАТО“, рече Тачи.

Претходно, Заев имаше средба и со Беса алтернатива. „Натпартиска личност со интегритет, отколку партиски член, е поприфатлив профил на претседателски кандидат за Беса алтернатива“, изјави Африм Гаши по завршувањето на средбата со премиерот.

Related Articles