Храна која треба почесто да ја консумирате во јануари

 Breaking News

Храна која треба почесто да ја консумирате во јануари

Храна која треба почесто да ја консумирате во јануари
January 11
16:03 2018

Јануари е месецот кога се обидуваме да се храниме барем малку поздраво, а со тоа да го зајакнеме имунитетот и да ги сведеме вирусите и настинките на минимално ниво.

Искористете ги придобивките од следниве продукти кои треба интензивирано да ги внесувате до крајот на месец јануари:

Јаболка – извор на витамин Ц и диетални влакна

Портокал – извор на фолна киселина, калиум, хранливи влакна и витамин Ц

Грејпфрут – извор на витамин А и Ц, како и многу хранливи состојки

Киви – извор на витамин Е, калиум и бакар, витамин К и Ц

Ананас – извор на витамин Ц, хранливи влакна, витамин Б6 и Б1

Калинка – извор на фолна киселина, витамин Ц и К

Цвекло – извор на железо, магнезиум, витамин Ц, фолна киселина, калиум и манган

Прокељ – извор на хранливи влакна, витамини А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган

Карфиол – извор на хранливи влакна, витамини Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и пантотенска киселина

Спанаќ – извор на цинк, протеини, витамини А, Ц, Е, К, Б1, Б6, фолна киселина, железо, магнезиум, калиум

Related Articles