Хојт Ји: Има волја за името, за влез во НАТО се потребни жртви

 Breaking News

Хојт Ји: Има волја за името, за влез во НАТО се потребни жртви

Хојт Ји: Има волја за името, за влез во НАТО се потребни жртви
January 06
15:52 2018

 долго време постои политичка волја и во Скопје и во Атина за решавање на спорот за името смета американскиот заменик-помошник државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји.

„Сметам дека Македонија има шанса во 2018 година конечно да го реши спорот за името со Грција. Првпат по долго време има политичка волја и во Скопје и во Атина и Македонија има шанса да ја оствари оваа цел“, изјавил Ји во интервју за Телевизијата Н1 која што се емитува во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Тој додава дека НАТО има политика на отворени врати, никого не присилува да стане членка, а оние земји кои ги исполнуваат условите за членство се добредојдени, пишува Експрес.

„Земјите кои што ги исполнуваат условите се добредојдени. Постојат некои земји во регионот кои се надеваат на влез. 

Не е лесно да се исполнат сите услови и ако се подготвени за жртви, за тешки одлуки кои се однесуваат на одбраната и на демократските стандарди, владеење на правото, слободите, тие земји имаат право да одберат и ниедна земја нема право да стави вето на тоа , ниту Русија“, изјавил Ји.

На прашањето дали Н1 е американска телевизија како што тоа често пати го тврди српскиот претседател Вучиќ, Ји изјавил дека САД не ги плаќа новинарите туку сака слободни медиуми, независни и професионални новинари и слобода на печат, пишува Експрес.

Related Articles