Хеликоптери ги бараат македонските планинари – има надеж дека се живи
February 11
10:47
2018
Хеликоптери интензивно ги бараат планинарите на кои вчера им се губи трагата по силното невреме на Кајмакчалан.
Тие биле дел од група која планинарела на македонската страна од планината но на двајца од групата им се загубила трагата.
Според информации на Макфакс, лоциран е сигнал од нивните телефони а известен е и Центарот за управување со кризи и граничната полиција.
Од МНР велат дека не може да се потврди дали тие се живи. Утрово грчките медиуми ја пренесоа веста дека тие се загинати.