He e cмешнo: Cтрујомерите ќе се читаат 4 пати годишно, па граѓаните нека му ја мислат

 Breaking News

He e cмешнo: Cтрујомерите ќе се читаат 4 пати годишно, па граѓаните нека му ја мислат

He e cмешнo: Cтрујомерите ќе се читаат 4 пати годишно, па граѓаните нека му ја мислат
June 15
19:50 2022

Народниот правобранител примил многу поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето.

За овој проблем, на заедничка маса седнале народниот правобанител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски,

а разултат на нивната соработка, како што беше кажано на прес конференцијата,

е нов правилник според кој Електродистрибуција мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите.

Според сегашната регулатива, тоа има обврска да го прави еднаш годишно.

Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци.

Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати.

Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство и за да не се случи ,

на примеr, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари,

доколку сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци.

За ова ќе разговараме со енергетските компании – рече Бислимоски. ИзворСлободенпечат.

Related Articles