Hajнова вecт, попладнево Грција ја отвори границата и преминот Евзони за странски државјани, рампите се кренаа

 Breaking News

Hajнова вecт, попладнево Грција ја отвори границата и преминот Евзони за странски државјани, рампите се кренаа

Hajнова вecт, попладнево Грција ја отвори границата и преминот Евзони за странски државјани, рампите се кренаа
May 14
12:55 2021

Како што јавува порталот сдк, грчките погранични служби на граничниот премин Богородица-Евзони денеска околу 14 часот ги кренаа рампите за влез на странски државјани.

Според информациите, тие го добиле протоколот од грчката влада како да пропуштаат граѓани од други држави на нивна територија, со оглед дека денеска кај нив стартуваше туристичката сезона.

Веста ја потврди и командирката на преминот Богородица Јасминка Аврамска.

Грчките колеги нè информираа дека ја добиле одлуката од Владата со што и официјално е отворен граничниот премин Евзони за проток на патници кој беше затворен цели 14 месеци, и преку истиот се пропуштаа само грчки државјани и се реализираше товарниот сообраќај“, ни рече Аврамска. пишува сдк.

За влез во Грција граѓаните треба да се пријават на travel.gov.gr и да приложат потврда дека се целосно вакцинирани со две дози против ковид-19 или дека поседуваат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак да имаат позитивни вредности на антитела.

Грција ги признава сите вакцини против ковид-19, а не само оние одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија.

Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (спутник).

Претпладнево, бидејќи немаше протокол како да се пропуштаат патници, пред Евзони се создаде колона од возила со македонски и српски регистарски ознаки кои со часови чекаа влез во Грција.

По долго чекање, дел се вратија во Македонија, додека српските патници се упатија кон Бугарија. ИзворСдк.

Related Articles