ХААРП антените се на само 430 километри од Скопје! Белград не смее да ги тргне до 2050 година!

 Breaking News

ХААРП антените се на само 430 километри од Скопје! Белград не смее да ги тргне до 2050 година!

ХААРП антените се на само 430 километри од Скопје! Белград не смее да ги тргне до 2050 година!
August 08
20:10 2016

Српска „Правда“ уште во 2012 година објави дека седиштето на ХААРП во Аљаска донело одлука на 12. октомври да се изврши генерална проба за способноста на ХААРП  да врши влијание во јоносферата. Одабрани се десет локации на ХААРП, меѓу кои и балканското – Србија.

Она што шокира е што според правда централата на ХААРП барала да евентуалната одговорност за последиците тој ден не ја сносат ниту САД ниту централата на овој систем.

– Најголем проблем е што никој не знае што ќе се случи на 12. октомври 2012. во која мера тие проби ќе влијаат на здравјето и менталната свест на жителите, дали се ризикува да има појава на поплави или земјотреси, никој не може со сигурност да каже бидејќи пред 2 децении за ХААРП се знаело минимално, а денес ни толку бидејчи САД ја држи како воена тајна се што е врзано за овој антенски систем.

Владата на Соединетите Американски Држави нема да дозволи да се тргнат антените на HAARP системот, во ниту една држава во светот каде што ги имаат поставено, се до 2050 година, до кога е предвидено да трае експриментот со климата и влијанието на свеста на луѓето.

Тоа би значело дека и покрај евентуалните протести на српската јавност и власти, најмоќната светска сила, ќе одбие да ги размонтира ваквите антени поставени за време на владата на Мирко Цветковиќ.
Истражувајќи на оваа тема првично беше посочено дека во Србија постои една ваква станица во близина на Белград во местото Белиње покрај Барајево. Со ваквите информации излегоа голем број на портали, разни организации па дури и политички партии. Се смета дека ова е само една од неколкуте десетина локации ширум светот.

Според одредени истражувачки методи кои ги применија неколку новинари од кај нашиот северен сосед, преку претражувачот на google map, информацијата за антената за која се претпоставува дека се наоѓа во Бељино, всушност не е точна. Имено според новите истражувачки методи, антената се наоѓа во институтот за физика – лабараторија за плазма во Земун.

Дејан Маркуш, биолог и генетичар кој подолг временски период живее и работи во Соединетите Американски Држави, вели дека администрацијата на САД вложила неколку милијарди долари во одржување на HAARP системот, заклучно до 2050 година, до кога е предвидено овој антенски систем да ја изработи својата улога која и понатаму останува голема енигма за светската јавност.

На трибините одржани пред неколку дена на Универзитетот Стенфорд, на кој се вршат проучувања за HAARP, учествувал и физичарот и климатологот Хенри Колман, кој детално го има истражено антенскиот систем нарекувајќи го: одбранбен бран на светската клима и најголем противник на ефектите од стаклената градина. Колман тогаш прецизно изјавил дека уште од 1990 година, кога стартувала реализацијата на HAARP, е одлучено овој систем да трае 60-ина години, колку што е проценето дека ќе биде потребно да нискофрекфентните бранови успешно делуваат на јоносферата во постојаната промена на климата.

Колман на неколкупати нагласил дека улогата на HAARP нема никаква врска со воена цел, тука да се спречат катастрофалните земјотреси и промена на климата поради ефектите од стаклената градина во наредните децении, а до 2050 година тоа би требало да биде успешно реализирано. Така што истиот тој нагласи дека HAARP каде и да се наоѓа во светот, е под закрила на властите во САД, но и како што дополни е направено за интересите на целото човештво. Интересно е тоа што <strong>Колман ги избегнал прашањата на студентите во Стенфорд за сите потенцијални штетни дејства кои што може да ги направи HAARP, оправдувајќи се дека не може да одговори на прашањата, затоа што каснел за летот на неговиот авион“, вели Маркуш.</strong>

Во изминатите неколку години во САД се појавија десетина книги и публикации на тема HAARP и што се овој систем може да направи, а сите оние дела во кои што отворено се пишувало за штетните последици по климата и менталната свест на луѓето биле фактички забранети за издавање, а промоциите биле откажувани.

„Еден мој колега кој што неколкупати истапи во јавноста со студии против HAARP, особено по неговиот трет јавен настап на трибина, каде што HAARP го нарече опасно оружје со кое што ќе се промени глобалната клима со несогледливи последици, неговата сопруга остана без работа, во лабораторијата во која што таа беше раководител, а тој никогаш повеќе не истапи јавно на оваа тема. Тоа се разбира не е случајно и се што се случува во врска со HAARP не е случајно ниту пак наивно“, вели Маркуш.

Инаку американските воени документи, кои што неодамна беа декласификувани, докажуваат дека американската војска развила систем кој работи на пулсирање на електромагнетни зрачења (ист принцип на кој што работи и HAARP) што е наменето за манипулација и разорување на човечките ментали процеси (мозочни бранови), користејќи моќни пулсови, елекромагнетни зраци во радио спектарот, во големи области на земјата одеднаш.

&nbsp;

Збигњев Бжежински, поранеше советник за национална безбедност на претседателот Картер и Џефри Мекдоналд, советник за научни прашања на претседателот Џонсон и професор на Универзитетот Ју-Си-Ел-Еј, објавија документ во кој ги изнеле своите мислења за геофизичката и „еколошка“ војна и воените техники. Документот ги опишува кои техники можат да се користат за оваа намена и кое се негативните ефекти кои што можат да предизвикаат и штетни појави кај човековата популација. Политичките стратези се во искушение да ги искористат пронајдоците во областа на мозочната активност и човековото однсување.

Науката и технологијата денес се на ниво кое ни овозможува да се произведуваат промени во јоносферата преку широки области на земјата. Тоа предизвикува промени во електричното полнење кое што може да предизвика сериозни нарушувања во функцијата на мозокот во човечките популации, во избраните региони, во текот на подолг временски период.

Бжежински вели дека ние сме на патот кон создавање општество на контролирано друштво со кое што ќе може полесно да се управува. Друштвото би било контролирано од елитна група на луѓе кои што се супериорни со научно знаење. Овие контроли ќе бидат растоварени од страна на традиционалните либерални вредности и ќе бидат во можност да ги постигнат своите политички цели со користење на најдобрите технологии, за да влијаат на луѓето и нивното однесување и ќе бидат во можност да остварат целосна контрола врз човековата популација под нивна власт. Според авторите на студијата, со цел да се дојде до ова совршено општество, светот ќе мора да биде подложен на третман на постојана социјална и политичка криза, која би се искористила, преку јавното мислење, со помош на средствата за јавно информирање, да се придобие за фазата еден, да се контролира странскиот непријател. Оттука и контролата на непријателите, според овие пресметки, е на само еден чекор.

Related Articles