Груевски, Попоски и Ѓорчев остварија средба со новиот амбасадор на Германија, Томас Герберих

 Breaking News

Груевски, Попоски и Ѓорчев остварија средба со новиот амбасадор на Германија, Томас Герберих

Груевски, Попоски и Ѓорчев остварија средба со новиот амбасадор на Германија, Томас Герберих
September 19
17:08 2017

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски (19 септември 2017-та година) заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски и Владимир Ѓорчев оствари средба со амбасадор на СР Германија, Томас Герберих.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми поврзани со стратешките приоритети на државата, членството во ЕУ и НАТО, актуелната политичка и економска состојба, како и можностите за соработка и поддршката од германска страна.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи дека стратешки приоритет на државата останува членството во Европската унија за што е потребно исполнување на стандардите и реформите. Беше посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека досега владата на СДС освен декларативна заложба нема суштински резултати на овој план

Груевски посочи дека е во интерес и на самата Европска унија Република Македонија што побрзо да добие датум за преговори кој би значел валоризација на сите претходни достигнувања напревени во оваа насока.

Соговорниците беа запознаени со актуелната политичка состојба и состојбата во економијата која добива загрижувачки надолен тренд.

Груевски ја посочи отвореноста за соработка со германската држава во сите полиња и сфери кои се од интерес на Република Македонија. Тој истакна дека од големо значење е поддршката која ја добива државата од СР Германија.

 

Related Articles