Груевски од Унгарија: Ми беше ветена заштита ако соработувам со СЈО и го поддржам договорот со Грција
Новинар на „Инфомакс“ имал подолг разговор со лице блиско до Никола Груевски кое било во Будимпешта.
Сакал да остане анонимен бидејќи според него ќе се соочел со проблеми на работното место и денес за видување со Груевски во држава во која тој е слободен граѓанин и заштитен како политички пpoгoнувaнo лице во Македонија, веднаш добиваш некаква кaзнa.
Груевски во Будимпешта е сместен кај пријатели и дека е таму како нивен гостин.
Tој само во првите два-три дена бил во хотел, по што на нивен предлог се преместил кај нив.
Тој се уште не знаел до кога ќе остане таму каде сега што е сместен во моментов.
Разгледал неколку апартмани кои се изнајмуваат, но засега Груевски бил задоволен од моменталниот престој, а пријателите го убедувале да остане што подолго таму каде што е сега.
– „Од каква правда сум избегал кога никогаш не сум отсуствувал од рочиште во суд, заминав кога судот ги погази сите можни принципи и закони и ми упати покана за 2 годишен затвор за нешто каде воопшто немам никаков прекршок, па по добивање на информации според кои се подготвува моја ликвидација во затворот решив да заминам за да привремено да се засолнам“ – коментирал Груевски вели соговорникот на Инфомакс.
Груевски му се пожалил дека понекогаш имало денови кога доаѓаат и по две или три различни групи пријатели во ист ден, па се чуствувал непријатно бидејќи морал да го подели времето и иако сите допатувале заради него неможел да биде со нив доволно долго за со тоа да изрази почит кон нив за нивното доаѓање на далечина од околу 1000 км од Скопје. Ги следел медиумите и политиката во Македонија и со загриженост говорел за она што се случува.
Груевски бил повикан во СЈО надвор од работното време и му било понудено да стане нивни соработник и да им даде корисни информации за барем неколку негови соработници, а во прв ред Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Гордана Јанкуловска и уште 2-3 други, со давање до знаење дека на тој начин СЈО ќе го заштити него.
Груевски го одбил истото, а неодамна добил порака од високи лица од СЈО по приватен канал, дека тие му дале шанса но тој згрешил што не ја прифатил и им одговорил дека неможе да им помогне во планот невини луѓе да ги прават виновни, пишува Инфомакс.