Грк пронајден мртов во својот автомобил во Прилеп

 Breaking News

Грк пронајден мртов во својот автомобил во Прилеп

Грк пронајден мртов во својот автомобил во Прилеп
October 12
12:25 2017

Десетина минути пред полноќ во Прилеп било пријавено дека на паркинг простор во населбата Точила во патничко моторно возило “Нисан Микра“ со грчки национални ознаки, на предното седиште бил пронајден починат 49-годишниот В.М. од Грција. 

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без знаци на насилство. 

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полицијата. 

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Related Articles