Ѓорчев привремен координатор – пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се враќаат во Собранието

 Breaking News

Ѓорчев привремен координатор – пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се враќаат во Собранието

Ѓорчев привремен координатор – пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се враќаат во Собранието
December 26
10:34 2017

Влатко Ѓорчев ќе биде нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која денеска треба да се врати во Собранието за годишното обраќање на Претседателот Иванов.
Ѓорчев во телефонски разговор за Press24 ја потврди информацијата дека ќе ја преземе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но рече дека тоа ќе му биде само привремена функција.

Во секој момент се очекува да се соберат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на заедничка координација на која треба да се одлучи за присуството на денешното обраќање на Претседателот Иванов. 

Истовремено, тие треба да решат дали ќе го прекинат бојкотот и ќе се вратат во Собранието или ќе продолжат да делуваат надвор од институциите како и дали ќе делуваат како 10 пратенички групи или ќе се спојат во една

Ѓорчев доаѓа на местото на Илија Димовски кој се повлече од функцијата по јавните несогласувања со начинот на кој беше организиран Конгресот и избран Христијан Мицкоски за нов Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Related Articles