Голем скандал ја тресе Америка: Тајното известување открива – Пентагон финансирал педофили кои силувале деца!

 Breaking News

Голем скандал ја тресе Америка: Тајното известување открива – Пентагон финансирал педофили кои силувале деца!

Голем скандал ја тресе Америка: Тајното известување открива – Пентагон финансирал педофили кои силувале деца!
January 24
12:31 2018

Пентагон финансирал авганистански сигурносни и редарски сили и покрај тоа што американските официјални лица знаеле дека припадниците на тие одреди ги кршат човечките права, тврди агенцијата на американската влада задолжена за надзор на делувањата на САД во Авганистан.

Знаеле за кршење на човечките права

Во извештајот на „СИГАР“ се тврди дека Пенгатон неколку пати го кршел американското правило „Легитимни закони“ според кое не е возможно да се помага на странски сигурносни сили ако постојат информации за кршење на човечките права од нивна страна.

Па така 12 одреди на авганистанските сигурносни сили се обвинети за вмешаност во повреда на човечките права во 2013 година.

Американското министерство за одбрана и Стејт Департментот „добија потврда дека одредите на авганистанските сигурносни сили ги кршеле човечките права“, објавува „СИГАР“.

Имало 75 случаи

Пентагон одговорил дека американската агенција не водела сметка за „предизвиците со кои американските сили се соочувале во текот на воспоставувањето и давање на поддршка на авганистанските сигурносни сили“.

На 12 јуни 2017 година околу 2106 американски официјални лица биле запознаени со 75 случаи на повреда на човечки права, меѓу кои биле злоупотреба и мачење на затвореници и седум случаи на полово насилство врз деца, пишува во извештајот.

„Големините на половите злоупотреби кои ги направиле авганистанските сигурносни сили можеби никогаш нема да се дознаат“, се заклучува во извештајот.

Related Articles