Фрчкоски: Нема да има национален консензус за името, Законот за јазици е уставен

 Breaking News

Фрчкоски: Нема да има национален консензус за името, Законот за јазици е уставен

Фрчкоски: Нема да има национален консензус за името, Законот за јазици е уставен
January 28
14:28 2018

Нема да се создаде национален консензус за спорот за името. За решението ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа секогаш и во секое општество било така. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави Љубомир Фрчковски.

– Нема да се создаде консензус. Политичката желба околу консензусот е разбирлива, таа секој политичар ја посакува за вакви прашања и се обидува да ја промовира.

Решението ќе биде одржливо, такво да не задира во националното достоинство и идентитет и за тоа ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа така секогаш било, во секое општество донесено за вака клучни прашања.

И во таа смисла ќе биде апсорбирано, јас мислам дека по месец-два тоа прашање ќе престане да биде тема воопшто.

Ако е вака како што знаеме отприлика, очекуваме дека решението ќе биде околу идентитетот, јазикот и името. И во таа смислам мислам дека ќе биде прескочена, не знам како, не ми е јасно во овој момент, не можам да го досогледам тоа, и фазата со референдумот околу тоа.

Мислам дека ќе бидат донесени решенија, тие потпишани во Собрание, ние примени во НАТО во една брза постапка и тоа ќе создаде една сосема нова клима која потоа дури и да се оди на референдум ќе ја обуслови одлуката на референдум со позитивните импакти и со одржливоста на решението, изјавува Фрчковски за Радио Слободна Европа.

 

Универзитетскиот професор за Законот за јазиците вели дека националистичките омрази живеат во Македонија.

– Тие можеби малку се повлечени и хендикепирани од овој катастрофален период од десет години на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа во основа голем дел од луѓето и понатака мразат и посебно ги мразат комшиите и нивните културни карактеристики.

Дури до тој степен што знаат да ги жртвуваат нивните стручни дипломи и профили на олтарот на предрасудите кон другите и да се компромитираат во основа. Законот е уставен  и во друга смисла и извира од ставот 5 од член 7 од Уставот.

Во сите решенија тој не го изедначува македонскиот и албанскиот јазик, во овој случај албанскиот или оној што го зборуваат најмалку 20 проценти немнозински заедници, бидејќи вториот службен јазик е на некој начин условно поставен, тој треба во законот да има услови како се активира реално, иако постои можност на цела територија и во сите државни органи, таа суштествена разлика го прави различен од статусот на македонскиот јазик како официјален апсолутно до крај без услови и тоа е сосема во рамките на член 7 на Уставот и во таа смисла мислам дека е Уставен, завршува тој.

Related Articles