Фотографии од местото на двојното убиство во Кисела Вода, МВР со детали (фото)

 Breaking News

Фотографии од местото на двојното убиство во Кисела Вода, МВР со детали (фото)

Фотографии од местото на двојното убиство во Кисела Вода, МВР со детали (фото)
November 27
17:53 2017

Во попладневните часови, поточно во 16 часот и 35 минути во Единицата за известување и команда добиена е пријава дека на улицата “Борис Трајковски“ во Скопје, во менувачница, имало пукање од огнено оружје, информираат од МВР.

Полициски екипи од СВР Скопје веднаш по дојавата излегле на местото на настанот каде што во присуство и надлежност на дежурен јавен обвинител е започнат увид.

-Според првичните сознанија, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле во посоченото време во менувачницата во која што се наоѓал сопственикот на истата, 58-годишниот Г.А. од Скопје.

Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала, прво, физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштол и пукал во правец на напаѓачите кои починале на местото на настанот, стои во полициското соопштение.

Фото: Мкд.мк

СВР Скопје во соработка и координација со дежурен јавен обвинител работи на расчистување на случајот и по неговото целосно документирање, јавноста ќе биде благовремено информирана, додаваат од МВР.

Related Articles