ФОТО: Жена загина во тешка сообраќајка кај Штип

 Breaking News

ФОТО: Жена загина во тешка сообраќајка кај Штип

ФОТО: Жена загина во тешка сообраќајка кај Штип
December 01
02:08 2016

Жена на возраст од 65 годинин загина во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случи во близина на штипското село Чардаклија, на крстосницата кај царинската испостава во Штип.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова соопшти дека починатата била сопатник во возило „опел тигра“ кое се судрило со џип „грaн чироки“.

Итната медицинска помош од Штип и дала помош на 65-годишната жена на местото на несреќата, но во болница таа подлегнала на повредите.

На повреди се пожалиле и возачот и еден сопатник во џипот кои, исто така, се хоспитализирани во штипската клиничка болница.

Несреќата е случила во 16:40 часот. Во тек е увид од страна на истражните органи и јавен обвинител, кои ја утврдуваат причината за  несреќата.

Related Articles