ФОТО: Во џипот нема патници, извлечен од водите на Вардар за 15 минути од страна на спасувачите и пожарникарите

 Breaking News

December 18
18:09 2017

Кола во моментов се наоѓа во реката Вардар, во делот меѓу Камениот мост и мостот Око во центарот на Скопје.

Колата е заглавена меѓу фонтаните, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита се обидуваат да го извадат возилото од водата.

Како што велат од Пожарната за САКАМДАКАЖАМ.МК во колата нема патници.

ОБНОВЕНО: Автомобилот е извлечен за 15 минути и во него нема патници.

„Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата.

Информациите кои ги имаме од граѓани се дека девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација.

Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото.

Колата сеуште е со запалени фарови“, велат од Бригадата за противпожарна заштита за порталот.

Повикани се пожарникари за да интервенираат.

Related Articles