ФОТО: 156 нови случаи на коронавирусот во 16 градови низ државата, ова е листата

 Breaking News

ФОТО: 156 нови случаи на коронавирусот во 16 градови низ државата, ова е листата

ФОТО: 156 нови случаи на коронавирусот во 16 градови низ државата, ова е листата
June 19
14:06 2020

Како што јавуваат од министерството за Здравство, во последните 24 часа во Македонија се направени 1227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на коронавирусот, а листата на градови е следна:

Скопје 100 – Куманово 11 – Дебар 1 – Штип 6 – Прилеп 1 – Тетово 19 – Струга 2 – Велес 6 – Битола 1 – Охрид 1 – Кавадарци 1 – Гостивар 1 – Гевгелија 1 – Кочани 3 – Кратово 1 Свети Николе 1.

Поч инати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби поч инати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.

На Клиниката за нефрологија поч ината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ поч ината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.

Во ГОБ „8 септември“ поч ина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почи на пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти.

Скопје 10 – Штип 3 – Тетово 10 – Велес 1 – Битола 1 – Неготино 2.

Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епид емијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е 1863, на поч инати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735.

Related Articles