ФОТО: Моцарт објави детали за прилепчанецот што фати половина милион евра: Напишал фамозни 7 тикети и ја добил најголемата добивка во Европа, 565 000 евра!
February 22
10:17
2018
„(ИЗ)ВОНРЕДНИ ВЕСТИ! Вечерва го добивме балканскиот рекордер во обложувањето.
Во Прилеп наш играч на 7 ливчиња освои вкупна добивка од преку 500.000 евра.
Следете не утре, се читаме со нови информации. ???“ ова синоќа го објави администрацијата на Моцарт на својата фејсбук страница, а денеска објавија статус со фотографии, погледнете:
„Ова се фамозните 7 тикети со кои беше остварена најголемата добивка во историјата на обложувањето на Балканот, и најголемата добивка во однос на влогот во Европа.
Седум тикети кои му донесоа на среќниот Прилепчанец 565.000 ЕВРА!
Следете не за повеќе информации, бидејќи наскоро ќе го претставиме добитникот кој ќе сподели повеќе детали околу оваа неверојатна добивка!“ гласи статусот и во прилог фотографии: