ФОТО: Има опасност да се прошири пожарот на Пелистер, се бараат авиони за гасење

 Breaking News

ФОТО: Има опасност да се прошири пожарот на Пелистер, се бараат авиони за гасење

ФОТО: Има опасност да се прошири пожарот на Пелистер, се бараат авиони за гасење
September 18
15:26 2017

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Гори трева и нискостеблести растенија, но има опасност пожарот да се прошири во букова шума, информираат од Центарот за управување со кризи за пожарот кој на пладне избувна во Националниот парк „Пелистер“ кај место викано „Изворите“ на река Шемница над село Маловишта. Командирот на ТППЕ Битола, Костадин Поповски вели дека опасноста е голема доколку огнот се прошири во шумата каде претежно има букови дрвја. На терен се излезени екипи од НП Пелистер, ТППЕ Битола и од ДЗС Битола. Заради тешко пристапниот терен, Националниот парк побарал помош од Дирекцијата за заштита и спасување за интервенција со авиони, објави Шеталиште.

 

Погледнете и дел од фотографиите кои што ги објави локалниот битолски портал Шеталиште:

Related Articles