Филмско бегство на крава од кланица: Ја пробила оградата, му ја скршила раката на работникот и успеала да избега (ФОТО)
February 17
18:33
2018
Крава во Полска не била баш задоволна од одлуката на нејзиниот сопственик да ја однесе во кланица, па ја пробила металната ограда на камионот и избегала. Кога сопственикот се обидел да ја врати на фармата, таа му ја скршила раката на еден од неговите работници.
По бегството од камионот кравата скокнала во езерото и отпливала до еден од островите кои се наоѓаат на средина од езерото. Можеби ви звучи неверојатно, но ова е вистина, пренесува индекс.хр.
По една недела обидување да ја врати на фармата, сопственикот се откажал од намерата и одлучил да се погрижи да и обезбеди храна на местото на кое се наоѓа.