Филипче најверојатно нов министер за здравство, Села излегува од Влада и остана без еден пратеник бидејќи премина во ДУИ

 Breaking News

Филипче најверојатно нов министер за здравство, Села излегува од Влада и остана без еден пратеник бидејќи премина во ДУИ

Филипче најверојатно нов министер за здравство, Села излегува од Влада и остана без еден пратеник бидејќи премина во ДУИ
December 17
11:44 2017

Венко Филипче најверојатно ќе биде предлогот на премиерот Зоран Заев до Собранието за нов министер за здравство, брифира висок владин функционер за ТВ 24.

Истиот функционер вели дека во игра е и актуелниот директор на болницата „Осми септември“, Кристијан Костовски, но според него, најверојатно Филипче ќе биде изборот.

Истиот функционер порачува дека Села ќе добие уште една понуда за останување на „Илинденска“ – освен вицепремиер за реформи, ќе му биде понудено и заменичкото место во здравство.

Но ништо повеќе од тоа, вели истиот функционер.

„Министер за здравство ќе биде предлог на СДСМ, тоа е решено и затворено прашање.

Од Зијадин Села зависи дали ќе остане во влада или пак не“, вели висок владин функционер за ТВ 24.

Од друга страна од Алијансата велат дека доколку стигне предлог за министер кој што не е нивното решение најлогичниот чекор ќе биде тие да ја напуштата валдата.

„Алијансата за Албанците му предложи кандидат за министер за здравство на премиерот, очекуваме предлогот во Собрание да биде нашиот кандидат“, вели функционер од Алијансата.

Кој ќе седне во останатите испразнети места кои се на ДУИ, нема информација од Мала Речица. Односите во владејчката комисија се заострија откако Зиајдин Села го обвини Ахмети дека стои зад обидот за негова ликвидација на 27 април.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на една средба со албанските печалбари во САД рече дека како коалиција сега имаат само две пратеници бидејќи едниот преминал во ДУИ.

Алијансата за Албанците имаше три пратеници, Зијадин Села, Сурија Рушити и Весел Мемеди, по што се подразбира дека пратеникот кој отишол во ДУИ е Весел Мемеди.

“Никогаш не направив коалиција со ДУИ, но проблемот беше дека не можеше да се формира парламентарно мнозинство без нас. Ние имавме три пратеници, сега имаме две бидејќи едниот отиде во ДУИ”, рече Села.

Тој прати критики и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради тоа што, според него, тој се бори само со криминалците од македонскиот дел.

Related Articles