Ф.С. викан Кобра бил на викенд од затворот во Идризово и го убил Мартин, МВР го бара со потерница

 Breaking News

Ф.С. викан Кобра бил на викенд од затворот во Идризово и го убил Мартин, МВР го бара со потерница

Ф.С. викан Кобра бил на викенд од затворот во Идризово и го убил Мартин, МВР го бара со потерница
November 17
20:51 2017

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти дека 25-годишниот Ф. С. е осомничен за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев кое се случило на 3 ноември на улицата Владимир Комаров во скопската населба Аеродром.

Ф.С., викан Кобра бил на издржување на шестгодишна казна затвор за трговија и поседување дрога.

Викендот кога беше извршено убиството Ф.С. бил пуштен на слободен викенд, но не се вратил в затвор.

Казната на Ф.С. му истекувала во јуни 2018 година.

Две недели ѝ требаа на полицијата да го соопшти идентитетот на убиецот за кого по социјалните мрежи поединци уште вечерта по убиството отворено го кажаа идентитетот на убиецот, познато лице од скопското подземје.

Против Ф.С. има докази за кривична пријава, велат од МВР.

Според полицијата, на 3 ноември Ф.С. дошол пред зградата на поранешниот фудбалер Мартин Јанушев и со пет истрели го усмртил на плочникот, бегајќи во непознат правец. Дали убиецот имал помагачи, и дали ликвидацијата е нарачка, како што се говори во јавноста, Спасовски денеска не кажа ништо.

Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Скопје.

Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот, рече Спасовски.

Министерот додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.

Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 3 ноември годинава со неколку куршуми пред влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров” во скопски Аеродром.

Дел од медиумите во меѓувреме објавија дека зад убиството на Јанушев стои 23-годишниот Филип Секуловски, кој извршувал шестгодишна казна затвор за трговија и поседување дрога.

Секуловски, викендот кога беше извршено убиството бил пуштен на слободен викенд, но не се вратил в затвор.

Управата за санкции тогаш потврди дека Секуловски не се вратил од слободен викенд и затоа е распишана потерница по него

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment