ЕЦБ: Нова банкнота од 50 € а се очекува да бидат сменети и банкнотите од 100 и 200 евра

 Breaking News

ЕЦБ: Нова банкнота од 50 € а се очекува да бидат сменети и банкнотите од 100 и 200 евра

ЕЦБ: Нова банкнота од 50 € а се очекува да бидат сменети и банкнотите од 100 и 200 евра
June 27
23:32 2016

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека има планови да издаде нова банкнота од 50 евра во почетокот на следната година, која треба да ги замени сите употребени досега различни банкноти со истиот номинален износ.

“ЕЦБ и националните централни банки на земјите од еврозоната на 5 јули ќе претстават нова серија банкноти” Европа “од 50 евра. Новата банкнота ќе влезе во оптек во пролет 2017 година “, се наведува во соопштението на банката.

Сите различни деноминации на новата серија ќе содржат портрет на хероината од грчката митологија Европа. ЕЦБ веќе ги смени банкнотите од 5 евра во мај 2013 година, оние од 10 евра во 2014 година и оние од 20 евра во ноември 2015 година “банкнотата од 50 евра е најшироко користена од сите деноминации. Повеќе од 8 милијарди банкноти се во оптек од 50 евра, што претставува 45% од вкупниот број “, дополнуваат уште од европската банка, пишува Бизнисвести.мк

Се очекува банкнотите од 100 и 200 евра, исто така да бидат сменети. Претходно ЕЦБ одлучи да се откаже од банкнотата од 500 евра, бидејќи таа се користи често за перење на пари и финансирање на терористи.

ЕЦБ е одговорна за издавање на банкнотите евра, а националните централни банки на 19-те членки на еврозоната одговараат за евро центите.

Related Articles