Ердоган со ултиматум до Америка: Или Турција или Ѓулен!

 Breaking News

Ердоган со ултиматум до Америка: Или Турција или Ѓулен!

Ердоган со ултиматум до Америка: Или Турција или Ѓулен!
August 11
10:45 2016

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им постави ултиматум на САД да изберат меѓу Турција и исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за воен удар во земјата на 15 јули, објави „Хаберлер“.

-Порано или подоцна Америка ќе мора да избере. Или ќе се реши за пучистичката терористичка организација (на Фетулах Ѓулен) или за демократската држава Турција. Таа е должна да го направи тој избор, изјави Ердоган.

Турција бара САД да и го екстрадираат Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, но Вашингтон нагласи дека ќе се согласи на екстрадиција само ако добие недвосмислени докази дека проповедникот е поврзан со обидот за преврат.

Ѓулен од своја страна отфрла каква и да е негова поврзаност од организаторите на пучот.

Related Articles