Експертите советуваат: Есента е идеална за љубов

 Breaking News

Експертите советуваат: Есента е идеална за љубов

Експертите советуваат: Есента е идеална за љубов
September 25
10:47 2017

Сигурно никогаш не би помислиле дека годишните времиња имаат некаква врска со љубовта, врските, страста и убавината, но неколку универзитети ширум светот спровеле истражувања чии резултати укажуваат на влијанието на годишното време.

Според истражувањата спроведени во Канада, Кина и Америка, есента е створена за љубов, а ваквото тврдење го поткрепуваат со следните заклучоци од нивните истражувања:

Есента е период во кој лачењето на машкиот хормон тестостерон е највисоко, а со тоа се зголемува и машкото либидо.

Токму во есен жените им изгледаат најпривлечно на мажите. Иако во овој период од годината женското тело е пополно, особено околу струкот, токму сега мажите наоѓаат голема привлечност кај понежниот пол. Високото ниво на тестостерон кај машкиот пол, како и потоплата облека која крие дел од недостатоците на женското тело се причините поради кои за мажите жените се најубави во есен.

Есента е створена за милување. Поради падот на температурата, на телото му е потребна топлина и токму во тоа лежи тајната поради која мажите обожаваат милување во овој период од годината.

Есента е идеална за нова врска. Летниот период е одличен за авантури и флертување, но есента влијае на човековата психологија, па со падот на температурата кај голем дел од луѓето се јавува желба за постабилна врска. Истражувањата покажуваат дека најголем дел од луѓето стапуваат во врска или се одлучуваат за брак токму во есен.

Толку многу причини да уживате во есента, да се вљубите, да ја освежите постоечката врска или да подарите веренички прстен.

Related Articles