Експертите предупредуваат – Ова се најголемите ризици за светот во 2018 година!

 Breaking News

Експертите предупредуваат – Ова се најголемите ризици за светот во 2018 година!

Експертите предупредуваат – Ова се најголемите ризици за светот во 2018 година!
January 17
15:29 2018

Екстремни временски услови и природни катастрофи се најголем глобален ризик во 2018, според тврдењата на ескпертите од светскиот економски форум.

Еколошките катастрофи, сајбер-криминал, големи миграции и предизвици во глобалната трговија се меѓу најголемите ризици со кои се соочуваме во оваа година.

Како и во претходните извештаи, најголем глобален ризик претставува употребата на оружјето за масивно уништување.

Од скоро 1000 светски експерти и креатори на политиката е побарано мислење за најважните ризици со кои се соочува светот, а тие ризици се сместени во пет категории: економски, еколошки, геополитички, друштвени и технолошки.

Извештајот вели дека на врвот се екстремното време, колапсот на екосистемот, големи природни катастрофи, катастрофи предизвикани од човечки фактор и неуспех за намалување на последицата од климатските промени.

Експертите велат дека исто така се влошува геополитичкото опкружување, особено поради тензиите на Блискиот исток и во Северна Кореја.

Related Articles