EКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прилеп центар на екстремните спортови на Балканот

 Breaking News

EКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прилеп центар на екстремните спортови на Балканот

November 17
13:53 2016

Напорите  на Локалната самоуправа на Општина Прилеп од градот да направат дестинација за алтернативен  туризам, вродија со плод. Местоположбата на Прилеп е таква што овозможува одлични услови за негување на екстремните спортови и е вистински магнет за сите авантуристи ширум светот.

Болдеринг, параглајдинг, Оff -Road возење, маратонски трки, трки со кросови, планинско возење на велосипеди, ролери, скејтери, паркур …. и што ли уште не, се само дел од натпреварувањата и настаните кои  во изминатите години се одржуваат во Прилеп, како единствен центар на Балканот кој ги обединил сите овие екстремни спортови на  едно место.

Секако, за сето тоа се изгради соодветна инфраструктура, почнувајќи од Мотокрос арената во с. Лагово, полетувалиштето за параглајдери на Трескавец, скејт паркот кај “Могилата на непобедените”…., а се работеше и на афирмирање и промоција на настаните во странство и привлекување на што поголем број на учесници. Успехот е воочлив според тоа што речиси сите натпреварувачи кои дошле од земјите од светот, повторно се враќаат и наредната година во Прилеп.

Уживајте во видеото кое следи:

Related Articles