Екс премиерот Груевски за ТВ Пинк: Политичкиот прогон е срам за Македонија

 Breaking News

Екс премиерот Груевски за ТВ Пинк: Политичкиот прогон е срам за Македонија

Екс премиерот Груевски за ТВ Пинк: Политичкиот прогон е срам за Македонија
February 18
14:17 2019

Се среќаваме со серизен политички проблем во Македонија од страна на актуелната власт, вели во ексклузивно интервју за телевизија Пинк, екс премиерот Никола Груевски.

Во првото интервју за странски медиум, екс премиерот вели дека Србија нема врска со неговите одлуки.

Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на унгарската дипломатија.

Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми.

После извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми, вели Груевски за Пинк.

Тој објаснува дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и дека во неа може да добие вид на престој, со кој е заштитен од понатамошен политички проблем.

Додава дека политичкиот прогон е голема срамота за Македонија, и дека не знае како понатаму властите планираат да зборуваат за функционална демократија, кога државата членка на ЕУ доделува политички азил на поранешен премиер поради политички проблеми.

Се среќаваме со сериозни политички проблеми од страна на актуелната власт, посочува Груевски.

Related Articles