Eдногласнa поддршка од бугарскиот парламент за договорот со Македонија

 Breaking News

Eдногласнa поддршка од бугарскиот парламент за договорот со Македонија

Eдногласнa поддршка од бугарскиот парламент за договорот со Македонија
July 27
13:49 2017

„Бугарскиот парламент очекува Договорт за добрососедство со Македонија да постави стабилна основа меѓу државите и да биде од полза на граѓаните“, се нагласува во декларацијата на Народното собрание по Договорот за добрососедство со Македонија, каде доби целосна поддршка од пратениците.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов побара и доби поддршка од сите 206 пратеници во собранието, а немаше ниту еден воздржа или глас против.

Борисов претходно им порача „едно големо благодарам“ на пратениците, ако му дадат мандат да го потпише договорот. Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева пред пратениците по поддршката за Договорот рече „Навистина покажавме дека за важни национални приоритети можеме да се обединиме; Благодарам на сите политички партии“.

За разлика од Борисов, Заев избега од парламентарна седница, притоа лажејќи ја опозицијата дека се работи за нацрт- текст на документот, во кој се оспорува македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската историја, и е полн со  обврски кои се обврзувачки за Македонија, наспроти задоволувањето на сите бугарски интереси. Од опозицијата му порачаа дека нивната поддршка на ретификацијата на договорот ќе зависи од тоа колку од нивните забелешки ќе бидат прифатени.

-За да добие поддршка, мора да се направат корекции за националните интереси за двете страни, вака текстот ги исполнува националните интереси на Бугарија. За да се чувствуваме конфорно, со договорот не треба да се релативизира постоењето на македонскиот народ и јазик- посочи доскорешниот министер за надворешни работи Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Related Articles