Две години не се малку за граѓаните да видат каде плови бродот и за се што им се ветува на избори

 Breaking News

Две години не се малку за граѓаните да видат каде плови бродот и за се што им се ветува на избори

Две години не се малку за граѓаните да видат каде плови бродот и за се што им се ветува на избори
February 19
17:49 2019

Две години, сепак, не се малку за граѓаните да видат дали бродот плови во правец кон правна и праведна држава, нулта толеранција на корупцијата, намалување на навредливата економска нееднаквост и кон сето она што им се ветува на избори, вели Петар Гошев за Призма.

А, наместо тоа, вели Гошев, власта им кажува на граѓаните дека го решавала името на државата и се инаетела со ДУИ околу некои политики, пишува Призма.

Политичката кариера на Петар Гошев е постара од нашава кревка демократија и подолга од трите децении, во кои како општество ги пакуваме сите порази и разочарувања по осамостојувањето.

„Тоа се 29 години мачна транзиција, која никако да нè пренесе на побезбедниот брег“, ќе рече тој.

Related Articles