Дожд, снег и пад на температурите – еве до кога ќе врне

 Breaking News

Дожд, снег и пад на температурите – еве до кога ќе врне

Дожд, снег и пад на температурите – еве до кога ќе врне
October 24
07:29 2017

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. 

На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. 

Ќе дува засилен северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од седум до 14 степени. 

Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд, кој повремено ќе биде пообилен. 

Ќе дува и засилен северен ветер. 

Температурата ќе се движи од седум до 11 степени. 

И во среда ќе дува засилен северен ветер и во текот на денот ќе има постепено намалувањена облачноста. 

Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Related Articles