Докторот кој работеше повеќе од 30 часа: Не сум херој, Господ ми даде сила

 Breaking News

Докторот кој работеше повеќе од 30 часа: Не сум херој, Господ ми даде сила

Докторот кој работеше повеќе од 30 часа: Не сум херој, Господ ми даде сила
February 15
17:59 2019

Хирургот Ридван Бајрами, кој завчера со целиот тим на болницата „8-ми септември“ посветено работеше да им се помогне на сите, за Женски магазин вели дека се чуди од каде ја црпел силата.

„Во вакви ситуации, треба да бидеш психички јак, да не се предаваш. Јас верувам во Господ, и мислам дека на целиот тим тој ни даде сила брзо да се организираме и да реагираме. Бев дежурен на работа и за половина час, заедно со тимот, успеавме да организираме 37 пациенти да се сместат на соодветните одделенија во болницата“, раскажа доктор Бајрами за Женски магазин.

Тој вели дека не бил на работа 27 часа како што првично беше пренесено, туку повеќе од 30 часа.

Тој истакна дека не сака кога во јавноста докторите се прикажуваат како херои.

„Ми значи поддршката од целата јавност секако. На Фејсбук, имам преку 1.000 пораки. Им благодарам на сите што ми пишаа, но немам време на сите пораки да одговорам“, додаде докторот со големо срце. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Related Articles