Докторката Јелка Масин се самоубила, нема траги од насилство вели ОЈО

 Breaking News

Докторката Јелка Масин се самоубила, нема траги од насилство вели ОЈО

Докторката Јелка Масин се самоубила, нема траги од насилство вели ОЈО
January 03
15:38 2018

Заврши истрагата за смртта на 53-годишната докторка на Клиниката за нефрологија и професорка од Медицинскиот факултет Јелка Масин-Спасовска која беше пронајдена мртва минатата година, во сопствениот дом во скопски Kапиштец, со убодни рани по телото.

Од Основното јавно обвинителство за „ТВ Нова“ потврдија дека смртта настанала од самоповредување и дека според истрагата нема никакви знаци на насилство, ниту борба.

„Писмениот извештај и мислење од извршената обдукција на починатата, доставен од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје упатуваат на тоа дека врз телото на починатата нема други траги од физичко насилство, ниту од борба.

Утврдено е дека сега починатата сама се лишила од живот, односно дека раните настанале од само повредување.

По прибирање на севкупниот материјал и негова анализа, траги од лице место на настанот, извештаи од многубројни вештачења, обдукцискиот протокол како и дополнителните вештачења, вештачењето на ДНК трагите, снимките од видео надзорот од околните објекти, изјави од сведоци и од сослушувања на лица, надлежниот јавен обвинител утврди дека нема елементи на сторено кривично дело поврзано со смртта на сега починатото лице.

Од тука, јавниот обвинител донесе Резолуција со која е констатирано дека доказите поврзани со овој кривично правен настан не упатуваат дека е сторено кривично дело“, се вели во одговорот од Обвинителството.

Од ОЈО за „ТВ Нова“ објаснуваат дека по извршениот увид на лице место, по наредба на надлежен јавен обвинител биле обезбедени траги од лице место врз кои било извршено вештачењето.

„Извештаите од вештачењето, меѓу другото, укажуваат на тоа дека не се пронајдени траги од ДНК од други лица на местото на настанот, односно не е пронајдено присуство на друго лице кога настапила смртта кај сега починатата.

Надлежниот обвинител изврши испитување на лица кои со својот исказ дадоа податоци потребни на истрагата. Извршен е разговор со сопругот на сега починатата кој го пронашол телото.

Извршена е проверка на неговото алиби, како и анализа и вештачење на гардеробата кој ја носел, која согласно видео записите ја имал на себе на денот на настанот. По извршените анализи е утврдено дека истиот не бил присутен во моментот кога настапила смртта кај сега починатата“, се вели во одговорот од ОЈО.

Мртвото тело на Јелка Масин-Спасовска го пронашол нејзиниот сопруг, Гоце Спасовски, кој исто така е доктор на Kлиниката за нефрологија, кој кога се вратил дома, ја забележал сопругата како лежи облеана во крв во тоалетот, со расеченици по телото и убодна рана во вратот.

Kрај телото имало нож, а таа имала расеченици на вените на левата и десната така, како и на левата вратна вена.

Related Articles