Директорот на затворот поднесе оставка, Заев телефонски го побарал тоа од него, а тој ќе го почитува
February 23
09:07
2019
Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент во кој беа нападнати осомничените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
На прашање на „Макфакс“ зошто уште вчера не поднел оставка туку чекал да го повика премиерот, Котевски не одговори конкретно, само рече дека утрово разговарал со Зоран Заев за темата.
Директорот потврди дека судија за извршување санкции утрово бил во посета на осомничените и дека тие се преместени во т.н. хашко одделение во затворот.
„Додека се случувал инцидентот за 12-мина затвореници на шеталиштето се грижел само еден полициски службеник“, рече Котевски.