ДИК – Гласањето се одвива непречено, излезноста до 13 часот 24,38 %

 Breaking News

ДИК – Гласањето се одвива непречено, излезноста до 13 часот 24,38 %

ДИК – Гласањето се одвива непречено, излезноста до 13 часот 24,38 %
October 29
15:23 2017

Гласањето во вториот круг од Локалните избори во сите 35 општини тече непречено и не се забележани никакви проблеми во текот на гласањето, соопшти Државната изборна комисија.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугчевска на прес-конференција соопшти дека излезноста до 13 часот од обработени 99,8 проценти на ниво на Република Македонија изнесува 24, 38 проценти.

Таа посочи дека до ДИК досега нема поднесено приговор ог гласачите за повредено избирачко право. Инаку граѓаните имаат рок од 24 часа да поднесат приговор доколку е поврдено нивното избирачко право. Потсети на бесплатната телефонска линија за пријавување неправилности.

Related Articles