Девојката која скокна во Вардар ја извадил татко и, задржана е на психијатрија (фото)

 Breaking News

Девојката која скокна во Вардар ја извадил татко и, задржана е на психијатрија (фото)

Девојката која скокна во Вардар ја извадил татко и, задржана е на психијатрија (фото)
January 31
14:34 2018

Од водите на Вардар, во центарот на Скопје денеска беше спасена М.А. (27), откако се фрли во реката.
М.А. според последната информација е прегледана и задржана на психијатрија. Доктор Влатко Алексов за Фокус потврди дека таа е во стабилна состојба.

„Кога ја донесоа веднаш и беше извршен преглед по што беше утврдено дека е во стабила состојба со лесна хипотрермија. По препорака на докторот, таа е задржана на психијатрија за да и се следи состојбата“, кажа доктор Алексов.

„Екипите на МВР констатираа дека затекнатото женско лице М.А. 27 години била извадена од реката од нејзиниот татко М.А. 45. Со возило на Брза помош била пренесена во болницата 8 септември“, велат од МВР.

Од болницата 8 септември велат дека жената нема видливи повреди, има лесна хипотермија од студената вода и дека е во релативно стабилна состојба.

„Ја прегледа интернист и утврдивме дека не е повредена. Во моментов ја прегледува психијатар и ќе ја задржиме во болница“, вели Влатко Алексов, шеф на Ургентен центар во болницата „8 Септември“.

Попладнево жена скокна во Вардар кај Камениот мост, по што веднаш по неа скокнаа двајца мажи кои беа во близина, по што откако ја извадија ја тепаа и ѝ викаа.

Дел од фотографиите се превземени од МИА.

Related Articles