Девојче му пее на малото братче со Даунов синдром за да биде мирно

 Breaking News

Девојче му пее на малото братче со Даунов синдром за да биде мирно

Девојче му пее на малото братче со Даунов синдром за да биде мирно
February 18
21:59 2018

Видео од грижливо девојче кое му свири и пее на своето братче со Даунов синдром ќе ви го разнежни срцето. Имено, талентираната Лидија требало да се грижи за Бо додека нивната мајка заврши со туширање, па го пронашла идеалниот начин за смирување и поврзување со своето помало братче.

Преку музика и песна, двегодишното момче полека учи нови зборови. „Ќерка ми Лидија го чуваше Бо додека јас се туширав. Кога излегов, го видов ова. Ако таа немаше гитара не знам како ќе успееше да го чува. Ова е доказ дека музичката терапија функционира. Бо има 25 месеци и има речник од 12 зборови.

Секој од тие зборови тој го има научено преку музика и пеење“ – напиша гордата мајка во описот. За само 17 часа, видеото е прегледувано над 5,6 милиони пати, има речиси 200.000 допаѓања и над 166.000 споделувања.

 

My daughter Lydia was watching Bo while I was in the shower. Came out to this. If she didn’t have a guitar I don’t know if she would know how to babysit him. This is her go to. It’s proof that music therapy works. Bo is 25 months old and has a 12 word vocabulary. Every word he has learned has been through music and singing.*If you would like to use this video it is now licensed with Storyful. All photos/stories are public on the page and do not need permission to be used, except this video. Thank you so much. https://storyful.com/

Posted by Amanda Bowman Gray on Montag, 15. Januar 2018

Related Articles