Детето е клучот за решавање на убиството: Малата Јана знае што се случило

 Breaking News

Детето е клучот за решавање на убиството: Малата Јана знае што се случило

Детето е клучот за решавање на убиството: Малата Јана знае што се случило
September 29
09:03 2017

Малата Јана, ќеркичката на Јелена и Зоран е на средина на целиот хорор кој настана. Таа ја загуби мајка си, а сега и нејзиниот татко е во притвор како главен осомничен.

Малата Јана според инспекторите би можела да биде клучот за решавање на злосторството кое се случи пред година ипол.

Стручњаците по смртта на Јелена разговарале со неа, и побарале да ја нацрта мајка и и татко и но детето одбило. Во градинка кога требало да нацрта од што се плаши, таа ја нацртала својата куќа.

Инспекторите сметаат дека малата Јана знае што се случило и дека е исплашена, а поради големата траума не ја притискаат.

Related Articles