Детали за престрелката во Кисела Вода: Сопственикот на менувачницата ги застрелал разбојниците, откако го нападнале

 Breaking News

November 27
17:18 2017

Двајцата разбојници кои се застрелани во менувачницата Македонија во Кисела Вода првин со пиштоли се обиделе да му се заканат на сопственикот кој бил внатре.

Кога не сакал да им ги даде парите, еден од разбојниците со пиштол го удрил 58-годишниот скопјанец, кој им возвратил на напаѓачите и ги застрелал.

Двајцата починале на лице место во менувачницата. Полицијата врши увид на лице место.

Се уште не е утврден идентитетот на разбојниците, а полицијата проверува дали еден од нив е ограбувач по кого интензивно трагала изминатите неколку дена поради извршена серија грабежи со оружје.

Обидот за грабеж се случил околу 17 часот.

Related Articles