Десет видови на пријателки кои не ви требаат во животот!

 Breaking News

Десет видови на пријателки кои не ви требаат во животот!

Десет видови на пријателки кои не ви требаат во животот!
January 22
16:17 2018

Со текот на годините ви станува јасно дека не се сите такви какви што мислиме…

Доаѓате во фаза од животот кога се прашувате зошто се дружите со некоја личност? Во текот на средно училиште, па дури и факултет некои работи едноставно не претставуваат проблем, меѓутоа кога ќе дојдете во средината на 20-те години, многу од работите ви стануваат јасни, но и понатаму постои таа неодлучност која не исчезнува преку ноќ.

Во продолжение следува список на пријателки кои не ви требаат во животот:

1. Пријателка која се јавува само кога и треба вашата помош
Ако е нешто за што навистина чувствувате потреба дека треба да и помогнете, во ред, помогнете и, но ако воопшто не ве интересира проблемот на личноста, тогаш едноставно тргнете се од тоа.

2. Пријателка со која се разбирате само кога сте пијани
Колку што сте повозрасни, алкохолот се повеќе ви смета, а тоа е нормално. Со самото тоа, станувате и свесни дека ви се потребни трезни пријателки повеќе од тие кои се „секогаш“ пијани.

3. Пријателка која постојано ве вика да се видите, а потоа откажува
Размислете само колку вреди вашето време и споредете го со минутите или часовите кои сте ги поминале во чекање и седење. Можеби не вреди пари, но има своја вредност која би можеле да ја искористите на други работи. Во секој случај подобро од чекање.

4. Пријателка која ве критикува цело време
Од било која причина таа секогаш е подготвена да ве критикува, од тоа како сте се облекле, што сте нарачале, па до тоа каков дечко имате.

5. Пријателка која постојано се натпреварува со вас
Таа постојано има потреба да се натпреварува со вас за која ќе облече поубав фустан, која ослабела повеќе, која има подобар дечко и многу други работи.

6. Најголемата пијаница која ја имате меѓу контактите
На кого му треба некој кој очекува секој ден во неделата да е ден само за пиење?

7. Пријателка која е во состојба да го искористи цело време на овој свет за да зборува за себеси
Сакав да… Направив… Да, јас сум… Мојот дечко и јас… Јас сум најдобра! Јас.. Јас.. Јас.. Не ви треба таква личност во животот.

8. Пријателка која е „хејтерка“
Дали навистина ви треба некој во животот кој ќе мрази се, од обична серија на тв до тоа како се облекуваат некои девојки за забава? Навистина нема потреба за таква количина на омраза.

9. Пријателка која ги става момчињата пред вас
Едноставно не ви треба такво нешто. Секогаш да сте план Б, секогаш да сте резерва…

10. Пријателка која не ве познава или не сака да поддржи совршен живот каков што заслужувате
Нели тоа е поентата на животот? Да бидете со луѓе кои ќе ви посакуваат да го постигнете тоа што го сакате вие. Не велат залудно дека два добри пријатели се подобри од десет лоши.

Related Articles